На 16 ноември 2001 година Собранието на Македонија ги прогласи 15-те амандмани на уставот, кои произлегоа врз основа на Охридскиот рамковен договор од 13 август 2001 година. Амандманите 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16 и 17 станаа составен дел на највисокиот правно-политички акт на Македонија. Овие 15 амандмани на уставот на Македонија од 16 ноември 1991 година означија длабоки и суштински, би се рекло тектонски промени во уставниот поредок и политичкиот систем на државата.