Во изминатите десет години преку „Текстилијадата“ се информираа граѓаните, институциите, работниците, сопствениците… Во изминатите десет години преку „Текстилијадата“ се информираа граѓаните, институциите, работниците, сопствениците на капитал, каква е состојбата и кои се потребните промени во текстилната индустрија, истакна во својот говор градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на конференцијата „Гласен Текстилец“ и партнерите, по повод 10. годишниот јубилеј на манифестацијата. Јорданов во своето обраќање рече дека можеби некој ќе каже дека повторно има неправда, повторно има непочитување на работничките права, дека состојбата во текстилството е од година во година полоша и полоша. Но, како што рече, евидентно е дека кога гласно се зборува и кога проблемите се изнесуваат, се креира притисок за решавање на овие проблеми.