Општина Струмица објави јавен повик за доделување финансиска поддршка во една наставна година за редовните ученици со попреченост, со наод и мислење, во училиштата во општина Струмица во учебната 2026/2027 година. Како што е наведено во повикот, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари месечно, во времетраење од девет месеци, може да добие редовен ученик со попреченост запишан во општинските основни и средни училишта и во ДСУ-РЦСОО „Никола Карев” – Струмица. Подносителот на барањето треба да поседува документација за вид и степен на попреченост (наод и мислење за функционална процена и/или наод од стручно тело за проценка на функционирање, попреченост и здравје или потврда дека е во процес на функционална процена, како и мислење од стручната служба од училиштето каде е запишан ученикот), да има успешен премин во следната учебна година и на родителот/старателот, кој аплицира во име на ученикот за финансиска поддршка, да не му е одземено родителското право, односно старателството.