Во прилепско Штавица започна најголемиот спелеолошки камп за пваа година во регионот. Учествуваат над 150 учесници од 15 држави, чија цел е истражување на 6 пештери и пропасти во Прилеп и Мариво, развојот на овој спорт, како и усовршување и размена на искуства околу техниките за спасување, кои се дел од клучните активности на спелеолозите кај нас. „Кај нас од прилика имаме истражено околу 40%, се надеваме дека овој камп е голема можност за сите спелеолози кои се тука во Македонија, а и регионално да можат да ја запознаат нашата околина, да истражуваме заедно и да придонесеме за развој на авантуристичкиот туризам, развој на спелеологијата и секако да допридонесеме за оние недопрени нешта кои се наоѓаат во подземниот свет.