Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите.
„Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура , согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места, се додава во соопштението на Општината.
Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај.
„Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци, извести Општината.