Тодор Конески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на… Тодор Конески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на млади сили, во ,,Ноќно студио“ на 4ТВ, се осврна на повеќе теми кои ги засегаат младите во земјава, меѓу кои беа студентскиот стандард, домашната образовна структура и вклучувањето на младите во општествените процеси. Според него, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во фокус ги има младите уште од сам почеток, а како што кажа, тестамент за тоа е фактот што политиките за млади добија свое место во рамки на министерски ресор, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. ,,Ова е првиот тестамент дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски, младите ги става во центарот на своите политики“, вели Конески.