Општина Ѓорче Петров посветено продолжува со реализација на проекти во образованието, детската за Општина Ѓорче Петров посветено продолжува со реализација на проекти во образованието, детската заштита, патната инфраструктура и уредувањето на јавните простори, со фокус на подобрување на условите за живот на граѓаните. Еден од главните приоритети е подобрувањето на условите во училиштата и градинките, со цел создавање услови за поквалитетна настава и воведување едносменска настава во основните училишта. И токму затоа во тек е изградба на вкупно 22 нови училници во три училишни објекти, шест во ООУ „Страшо Пинџур“ во Даме Груев, осум во ООУ „Јоаким Крчоски“ во Волково и осум во подрачното училиште „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во Хром.