Од болести на кардиоваскуланиот систем минатата година починале 6.888 лица, со стапка… Од болести на кардиоваскуланиот систем минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители. Овие заболувања учествуваат со 34 отсто од вкупниот морталитет и се на прво место меѓу причините за смртност – изјави денеска директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Таа додаде дека поради тоа, денеска, кога се одбележува Светскиот ден на срцето, од ИЈЗ спроведуваат бесплатни прегледи за населението (кои опфаќаат совети од стручни лица, мерење притисок, шеќер, висина, тежина), со цел подигнување на свеста за заболувањата на срцето, односно кардиоваскуларни заболувања, бидејќи сите претставуваат водечка причина за смртност во светот.