Во моментов се ангажирани над 70 лица и околу 30 возила и механизација, меѓу кои цистерни, возила. Во моментов се ангажирани над 70 лица и околу 30 возила и механизација, меѓу кои цистерни, возила за собирање и транспорт на отпад, комунална и друга механизација, со која се интервенира на повеќе локации истовремено. Во координираната акција се вклучени Општина Кавадарци преку „Мој Општинар“, ЈП „Комуналец“, ТППЕ Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи – СВР Кавадарци, како и останатите надлежни служби и екипи кои се ставени во функција за справување со последиците од невремето.