Општина Карпош денеска ќе го отвори Младинскиот центар Карпош, кој ќе… – Општина Карпош денеска ќе го отвори Младинскиот центар Карпош, кој ќе функционира во Сала „Партизан“ и ќе биде наменет за спроведување програми и активности за младите. Според организаторите, центарот ќе биде простор за едукација, младинска работа, креативни активности и иницијативи насочени кон подобрување на личниот, социјалниот и професионалниот развој на младите, како и место за нивно информирање и активно вклучување во заедницата. На отворањето, закажано за 14 часот, ќе се обратат градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и извршниот директор на Коалицијата на младински организации СЕГА, Зоран Илиески.