Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Минатата година Светската недела на вселената била одбележана со околу 50.000 настани во повеќе од 100 земји ширум светот, а организаторите очекуваат годинава интересот да биде уште поголем.
„(МИА) Македонија со низа едукативни и научно-популарни настани ќе ја одбележи Светската недела на вселената, која годинава се одржува под мотото „Ракетна револуција“ и е посветена на брзите промени во пристапот до вселената, на трансформацијата на вселенскиот сектор, кој од домен резервиран исклучиво за државни програми сè повеќе се отвора кон приватни компании, универзитетски тимови, стартапи и нови национални вселенски иницијативи.