Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски,… Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и градоначалникот на општина Теарце, Даут Мемиши, денеска пуштија во употреба нова детска градинка во селото Пршовце со капацитет за 147 деца. Изразувајќи задоволство за пуштањето на објектот, претседателот на Владата, Мицкоски, им се заблагодари на сите што посветено работеле и помогнале во реализацијата на овој значаен проект за регионот. Би сакал да кажам дека сум исклучително среќен што денеска, заедно со колегите од Владата, со градоначалниците, со градоначалникот на општина Теарце, со пратениците од македонското Собрание, со граѓаните на општина Теарце, сведочам на пуштање еден објект, кој е многу значаен за оваа општина, но и пошироко, би рекол, има регионално значење.