„И затоа доколку има билатерална средба, барем малку ќе се помести завесата на оваа преговарачка рамка и ќе открие дека еден спорен дел којшто кајнас предизвикува големи фрустрации, но и кај Европската комисија, затоа што лидери сме во процесот на Реформска агенда, но немаме започнато преговори се уште, после 21 година како земја кандидат, е токму затоа што Бугарија го злоупотребува ова билатерално барање, коешто преку СДС и ДУИ го внесе во преговарачката рамка, истакна тој и додаде: „Добро е да се случи таква средба, една таква фото вест ќе го лоцира актерот со којшто треба да се поразговара за принципиелна позиција, да не се кочат европските интеграции или доколку треба истите да се менаџираат во рамките на преговарачката рамка да имаме предвидлив пат“ Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Антонио Милошоски во гостување на телевизија Телма во емисијата „Топ тема“, а во реплика на потпретседателката на СДСМ Фани Каранфилова - Пановска истакна дека нејзиниот став оти преговарачката рамка е европска и дека нема потреба од средби со официјална Софија, според него, се совпаѓа со ставот на Румен Радев.