Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во својство на Координативен центар… Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во својство на Координативен центар за потрага и спасување при воздухопловни несреќи (RCC-Skopje), денеска се одржа комуникациско-координативната вежба „AIR COMSAREX MKD2026“, со учество на сите релевантни SAR-субјекти. Директорот на ЦУК, Мухамед Али ги поздравил присутните претставници и им посакал успешно спроведување на вежбата, истакнувајќи ја важноста од ефикасна координација, брза комуникација и навремено постапување при воздухопловни несреќи. Како што информираат од ЦУК, преку симулација на прием на итна порака за опасност (DISTRESS) од активиран 406 MHz ELT на територијата на Република Северна Македонија, се тестирале капацитетите за пренос на информации, брза процена на состојбата и координирано планирање на одговорот, согласно Оперативниот план за постапување при воздухопловни инциденти.