Основната цел на системот „Безбеден град“ не е казнувањето и полнењето на буџетот, туку промена на сообраќајните навики и спасување човечки животи, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Велес, го посетија и модернизираниот команден центар на СВР Велес, каде што се запознаа. Основната цел на системот „Безбеден град“ не е казнувањето и полнењето на буџетот, туку промена на сообраќајните навики и спасување човечки животи, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Велес, го посетија и модернизираниот команден центар на СВР Велес, каде што се запознаа со неговото функционирање и го означија почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Велес. Сакам уште еднаш да им се заблагодарам, пред сè, на македонските граѓани, затоа што со имплементирањето на еден систем чијашто првична цел е спасување човечки животи, а не полнење на буџетот, покажавме дека навистина можеме да се однесуваме европски.