Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Истата требала да биде и била предвидена во планот за јавни набавки.
„Планот за јавни набавки претставува еден вид на документ, односно план во кој што се наведени сите планирани јавни набавки кои што треба да се преземат од страна на друштвото согласно целисходноста и потребата која што ја утврдуваат органите на управување во Државна Лотарија.
„Во моментот на закачување на тие документи, а имајќи предвид висината на износот на таа јавна набавка, бевме соочени со управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки.
„Бирото како надзорен орган на јавните набавки што се спроведуваат во конкретната управна контрола што ја спроведе кај нас за конкретната јавна набавка имаше за цел да направи проверка на усогласеноста на јавната набавка со одредбите од Законот за јавни набавки, односно дали истата беше спроведена во согласност со Законот за јавни набавки.
Откако ќе се донесат овие првенствени акти имаме веќе основ за спроведување на таква постапка, планирана јавна набавка – изјави Андонов.
„Според неговото сведочење, пред самото распишување на јавната набавка била спроведена посебна претходна постапка во која се собирала документација за утврдување на законитоста и оправданоста на набавката.
Постапката за набавка на ВЛТ терминали во АД „Државна лотарија“ била спроведена врз основа на претходно усвоени планови и одлуки на органите на управување, а набавените апарати никогаш не биле ставени во употреба и сè уште се наоѓаат во магацините на компанијата, изјави денеска сведокот Александар Андонов, член на комисијата што ја спровела јавната набавка, на судењето за предметот „Државна лотарија“.
„Андонов, кој моментално е директор на Секторот за спречување перење пари и финансирање тероризам во Државна лотарија, сведочеше дека како член на комисија составена од пет члена учествувал во постапката за набавка на ВЛТ терминалите, но дека комисијата постапувала по претходно донесени одлуки.
Судењето продолжува на 20 октомври.
„Сведок во случајот „Државна Лотарија“: Набавката на ВЛТ апаратите била спроведена согласно претходно усвоени планови, терминалите никогаш не биле пуштени во употреба 08/10/2026 14:10 Фото: Б. Грданоск.