Унапредувањето на соработката во земјоделството и трговијата со земјоделски и прехранбени производи беше тема на денешната официјална средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, со министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја. Двајцата министри го нагласија значењето на редовната комуникација и координација меѓу надлежните институции за унапредување на билатералната соработка, усогласување со … Унапредувањето на соработката во земјоделството и трговијата со земјоделски и прехранбени производи беше тема на денешната официјална средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, со министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја. Двајцата министри го нагласија значењето на редовната комуникација и координација меѓу надлежните институции за унапредување на билатералната соработка, усогласување со стандардите на Европската Унија и размена на искуства во процесот на европската интеграција.