На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ, нагласи претседателот… На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во емисијата „Директно“, на телевизија Телма, а во врска во деталниот урбанистички план за скопската населба Барутана, лоцирана на падините на планината Водно. Филипче посочи дека СДСМ јасно и недвосмислено застанува на страната на граѓаните кои се противат на урбанизацијата на Водно и најавите поврзани со планот за населбата Барутана, за што дека ова е и првата работа која што произлегува и од најавениот мастер план на СДСМ. „Една работа којашто произлегува од револтот, реакциите на граѓаните, а тоа е проектот, односно деталниот урбанистички план кај Барутана, сакам јасно и гласно да им порачам на граѓаните да знаат дека додека јас сум претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во делот на Барутана, на Водно, ниту една цигла нема да биде изградена“, рече Филипче.