Проектот „Жените пчелари како двигатели на позитивни промени во Северна Македонија“, финансиран… Проектот „Жените пчелари како двигатели на позитивни промени во Северна Македонија“, финансиран од Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија, а спроведуван од АДРА Словенија и АДРА Македонија, бил во фокусот на разговорот меѓу градоначалникот на Струмица, Петар Јанков и амбасадорот на Словенија во земјава, Грегор Прескар. Проектот, како што соопштија од Општината, има за цел да придонесе кон зајакнување на жените и младите во руралните средини, развој на органското пчеларство и создавање нови можности за економско јакнење и одржлив развој на руралните заедници. Предвидени се обуки и поддршка во областа на органското пчеларство, подготовка, продажба и маркетинг на мед и пчелни производи, како и активности за развој на женското претприемништво.