Време е законите да почнат целосно да се применуваат, а реформата да даде резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев од Рим, каде денеска со министерот за јавна администрација на Република Италија, Паоло Зангрило, потпиша Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација на Република Македонија и Одделот за јавна администрација при Претседателството на … Време е законите да почнат целосно да се применуваат, а реформата да даде резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев од Рим, каде денеска со министерот за јавна администрација на Република Италија, Паоло Зангрило, потпиша Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација на Република Македонија и Одделот за јавна администрација при Претседателството на Советот на министри на Италијанската Република. „Ова партнерство пред се е инвестиција во луѓето кои ја носат јавната администрација. Затоа, важен дел од соработката ќе биде насочен кон воспоставувањето и развојот на Академијата за професионален развој и обука на административните службеници, институција преку која ќе создадеме услови за континуирано стекнување нови знаења, унапредување на вештините и градење професионална и компетентна администрација“, велат од Министерството.