Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Државниот завод за ревизија препорачува надлежните лица и органи во Општина Кичево да преземат мерки за отстранување на утврдените слабости, подобрување на наплатата на приходите, законско и транспарентно спроведување на капиталните инвестиции и зајакнување на контролата врз трошењето на јавните средства.
„Државниот завод за ревизија утврди сериозни неправилности во финансиското работење на Општина Кичево за 2024 година, поради што изрази неповолно мислење за финансиските извештаи и усогласеноста со законските прописи.