СДСМ денес ја повика власта да го повлече новиот Просторен план, изготвен од Министерството за животна… СДСМ денес ја повика власта да го повлече новиот Просторен план, изготвен од Министерството за животна средна, со кој се предвидува на пет места отворање на рудници. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче рече дека се подготвени да разговараат и дебатираат, нo доколку власта не отстапи од носење на планот, ќе се спротивстават со блокирање со жив штит од луѓе на местата каде се планирани рудниците. Тој објасни дека со новиот просторен план, кој треба да се реализира до 2040 година, има локации за рудници, кои претходно ги нема во постоечкиот план, односно Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке.