Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи, кој секоја година се… Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи, кој секоја година се одбележува на 13 октомври, годинава е посветен на темата „Отпорноста почнува дома“.
„По тој повод се организира кампања во рамки на проектот „Подобрена имплементација на Директивата на ЕУ за поплави преку усогласување на националното законодавство и подготовка на планови за управување со ризикот од поплави“, ко-финансиран од ЕУ. Во рамки на кампањата денеска ќе се одржи јавен настан во просторот „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, кој ќе биде отворен за граѓаните од сите возрасти и ќе понуди интерактивни и едукативни активности за подготвеност за поплави, домашна итна торба, препознавање на ризиците, и правилно постапување во итни ситуации.