Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување известува дека осигурениците со бенефициран стаж имаат рок од три месеци да одлучат дали ќе продолжат да бидат членови на задолжителниот пензиски фонд, со рок до 20 јануари 2027 година за поднесување на писмена изјава. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ( МАПАС ), соопшти дека согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 20 октомври 2026 година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 20 јануари 2027 година. Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 20 јануари 2027 година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане.