ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред останатите политички партии, покажуваат резултатите од анкетата на „Гранулекс“. Според објавените податоци, доколку изборите се одржат во овој момент, владејачката партија би освоила 23,7 проценти од гласовите на испитаниците, што е значително повеќе од поддршката за нејзините политички конкуренти. На второто место се наоѓа СДСМ со 6,9 проценти, по што следуваат ДУИ со 5,8 проценти, ВЛЕН со 5,2 проценти и Левица со 4,9 проценти.