Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Претседателот на Турската демократска партија (ТДП) и министер во Владата на Република Македонија, задолжен за меѓународна соработка и странски инвестиции, Зулфикар Зејнула, ја оствари својата прва официјална посета во странство по стапувањето на министерската функција, посетувајќи ја Република Турција, каде што оствари средба со министерот за надворешни работи, Хакан Фидан.
„На средбата се разговараше за историските пријателски односи и длабоко вкоренетите братски врски меѓу Турција и Македонија, за унапредувањето на политичката и економската соработка, зголемувањето на меѓусебните инвестиции, како и за прашања од особено значење за иднината на турската заедница во Република Македонија.