Македонската заедница во Србија влегува во динамичен политички период: вонредни парламентарни избори на 25 октомври, а две недели подоцна, на 8 ноември, избори за Националните совети, кои по првпат се одржуваат непосредно. Во изјава за МИА, претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и носителка на обединетата листа „Македонци заЕдно“, Зорица Митровиќ, зборува за растечката поларизација во српското општество и за тоа што, според неа, Македонците можат да научат од таканаречената Шарена револуција, чии последици, вели, се чувствуваат и денес. Митровиќ говори и за натпартискиот модел на обединување, за приоритетите на македонската заедница за идната српска влада, од наставата на македонски јазик и недостигот од учебници до споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад, како и за обновената соработка со матичната држава.