По повод Светскиот ден на мозочниот удар, 29 октомври, ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје организира серија активности со цел подигнување на јавната свест за превенцијата, раното препознавање на симптомите и навременото лекување на ова сериозно здравствено состојба. Во рамки на одбележувањето, на 27 октомври, од 10 до 12 часот, пред платото на Пелистер на плоштадот „Македонија“ во Скопје, граѓаните ќе имаат можност да направат бесплатни превентивни мерења на крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, како и проценка на ризикот од мозочен удар. Следниот ден, 28 октомври, од 11 до 13 часот, на Универзитетската клиника за неврологија ќе се одржи Отворен ден за граѓаните, во чии рамки ќе се вршат бесплатни доплер-прегледи на каротидните артерии.