Националната установа Завод и Музеј Битола претставувана од директорката Маргарета Спасов и… Националната установа Завод и Музеј Битола претставувана од директорката Маргарета Спасов и д-р Ирена Ружин учествуваа на годишната конференција на НЕМО (Network of European Museum Organizations) во Вилниус, Литванија. Конференцијата се одржа во Националниот музеј-Палатата на големите војводи на Литванија, каде меѓу 330 музејски професионалци од 41 држава, присуствуваа и претставниците на битолскиот Музеј. Во Вилниус се разменуваа идеи за начинот како музеите да се справат со предизвиците со вештачката интелигенција, која е сè повеќе присутна во секојдневната работа, за довербата на јавноста и сајбер-безбедноста.