Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Околу 6.000 лица се ангажирани со договори на дело, преку временски вработувања и други форми на договорен ангажман, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи на бројот на лицата на кои се однесува предложеното законско решение за трансформација во редовен работен однос.
„Со Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, се предвидува трансформација на договорните ангажмани во редовен работен однос на неопределено време за лицата во институциите опфатени со законот.
Со Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, се предвидува трансформација на договорните ангажмани во редовен работен однос на неопределено време за лицата во институциите опфатени со законот.
„Предлог-законот предвидува конкретни рокови за реализација на процесот, заштита на лицата додека трае постапката, ограничување на идните договорни ангажмани и финансиска контрола на целиот процес.
Оваа бројка лица на кои би им бил решен проблемот, кои со години работат со договор на дело, хонорарно, со авторски договори или преку агенции за привремено вработување, денес ја кажа премиерот Христијан Мицкоски.
„„Во речиси сите сектори бројката е околу 6.000 вработени лица коишто се под договори на дело, под времени вработувања и така натаму“, кусо одговори премиерот Мицкоски денес на прашање за бројката административци кои ќе бидат опфатени со предлог-законот за трансформација во редовен работен однос.