Зајакнувањето на капацитетите за справување со земјотреси и здравствени кризи, како и… Зајакнувањето на капацитетите за справување со земјотреси и здравствени кризи, како и унапредувањето на регионалната соработка, се клучни за побрз и поефикасен одговор при катастрофи и за поголема безбедност на граѓаните, порача директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, на настан посветен на реализацијата на проектот „ИПА КЕАР“ (IPA CARE). Како што соопштија од ДЗС, Ангелов во своето обраќање ја нагласил важноста од опремувањето на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR), што ќе овозможи поефикасно спасување човечки животи и поголема безбедност на спасувачите при интервенции. Тој посочил дека преку проектот се унапредуваат меѓуинституционалната соработка, размената на искуства и усогласувањето на оперативните постапки меѓу партнерските служби за заштита и спасување од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Турција, како и со партнери од регионот и Европа. На настанот посебен акцент бил ставен на претстојната теренска вежба, преку која ќе се тестираат подготвеноста, координацијата и соработката меѓу надлежните институции.