Од денес, 1 ноември , во Србија почнува сезонскиот период за задолжителна зимска опрема во пропишаните услови. Правилото се применува до 1 април , кога на коловозот има снег, мраз или поледица, објаснува Авто-мото сојузот на Србија. За патничките автомобили тоа значи зимски пневматици на сите тркала . Длабочината на шарата, кога гумите се користат како зимска опрема, не смее да биде помала од четири милиметри . Монтажа на зимски пневматик, архивска фотографија.