Обвинителката Искра Хаџи-Василева смета дека тактиката на одбраната на обвинетиот судија Ѓоко Ристов, на кому му беа најдени 350.000 евра заѕидани во куќата на неговите родители во Неготино, преку изјави од професори да се преиспитува правната норма по која е обвинет, е немање правна култура. Таа по денешното рочиште, на кое одбраната изведуваше материјални докази, меѓу кои и правно мислење од професорот Гордан Калајџиев, рече дека денес станало модерно да се дава правно мислење под плаштот на академски авторитет. Денес беа изведени материјални докази на одбраната, меѓу кои и јазични толкувања правни мислења, кои ги даваат професори под плаштот на академски авторитет, модерно стана да се даваат толкувања.