Телевизија Алфа на браникот на професионалното новинарство. Потврда стаса и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која при мониторингот на емисијата „Под лупа“, емитувана на втори ноември годинава, потврди дека водителката Паула Костадиновска постапила професионално, поставила коректни прашања и барала нивно дообјаснување. Во емисијата гости беа Петар Богоевски, претседател на Македонски концепт, и адвокатката Катерина Котеска, кои дебатираа на темата: „Распадот на македонското семејство: Меѓу насилството, разводите и судирот на традицијата и модерното време“.