Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Довербата на граѓаните, сигурноста на нивните депозити и стабилноста на финансискиот систем се прашања од највисок јавен интерес и бараат сериозност, одговорност и институционален пристап.
„Народната банка и надлежните институции се тие што имаат обврска да ја следат состојбата и да преземаат соодветни мерки за заштита на финансиската стабилност и интересите на граѓаните.
СДС повторно пласира сомнежи и инсинуации, обидувајќи се да ја наруши довербата на граѓаните во институциите и финансискиот систем.
„Дали Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и хајката против Алта банка создаваат терен за евтино преземање на банката од страна на бизнисмен близок до СДС и затоа со месеци ја политизираат темата за Алта банка.
„Гувернерот Трајко Славески, да си поднесе оставка и да престане со носење одлуки со кои дополнително ја загрозува стабилноста на финансискиот систем и довербата на граѓаните – побара лидерот на социјалдемократите Венко Филипче.