Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Европската комисија во Извештајот за 2026 година повторно највисоко ја оценува надворешната, безбедносната и одбранбената политика на нашата држава, констатирајќи добро ниво на подготвеност и добар напредок во Поглавјето 31, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Европската комисија го нотира и активното учество на државата во меѓународните организации, меѓу кои Обединетите нации, Советот на Европа и ОБСЕ, како и редовното усогласување со повеќето позиции на ЕУ во овие организации.
„Како значајни успеси се издвојуваат и првиот избор на Македонија во Економско-социјалниот совет на Обединетите нации за мандатот 2027–2029 година, како и членството во Советот за човекови права за периодот 2025–2027 година.