Американски истражувачи од болницата „Мас џенерал бригам“ (Mass General Brigham) во Масачусетс, со помош на ВИ алатка тестирана на повеќе од 40 милиони фотографии, ќе ја одредуваат моменталната здравствена состојба на пациентите болни од рак. По направената споредба со наодите и возраста на пациентите, се докажала староста на телото, а не нивните години. Според Хуго Аертс, професор на Универзитетот Харвард и директор на програмата за вештачка интелигенција во медицината при „Мас џенерал бригам“, новиот модел овозможува директна процена на шансите за преживување кај пациентите заболени од рак врз основа на нивните фотографии.