Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати и амбасадорката на Романија, Адела… Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати и амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, оствариле средба на која разговарале за унапредување на билатералната соработка во областа на заштитата на правата на сите заедници во Македонија, како и за зачувување на традициите, јазикот, културата и наследството на влашката заедница во земјата. Ферати и Аксинте, како што информираат од Министерството, ги оцениле како одлични билатералните односи што се градат со години, партнерството меѓу двете пријателски земји и сојузнички во Северноатлантската алијанса, како и подготвеноста на Романија да го сподели своето искуство во процесот на приближување кон Европската Унија. На средбата, Ферати ја информирал амбасадорката Аксинте за работата на Министерството, активностите за градење доверба, промовирањето на вредностите, унапредувањето на соработката и спроведувањето различни активности, особено со младите.