Жена е тешко повредена по несреќа на нива. Како што соопшти МВР, вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 15:10 часот во место викано „Рибник“ во атар на с.Сенокос, прилепско, Е.И.(46) од с. Сенокос се здобила со тешки телесни повреди додека вршела земјоделски работи во нива. Според пријавеното, таа и нејзиниот сопруг С.И. ги собирале цревата од системот капка по капка со помош на самоизработен механизам приклучен на трактор, при што во еден момент била повлечена од механизмот и се здобила со повредите.