Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Неговата улога ќе биде да создаде функционален мост меѓу научноистражувачките капацитети и потребите на реалниот сектор, овозможувајќи резултатите од истражувањата да прераснат во конкретни иновативни производи, услуги и бизнис-решенија.
„Преку понуда на лабораториски услуги, програми за инкубација и акцелерација, трансфер на знаење и технологии, како и друга специјализирана поддршка за развој и комерцијализација на иновациите, Научно-технолошкиот парк ќе создаде услови за раст и развој на технолошки стартапи, микро, мали и средни претпријатија, истражувачки единици и спин-оф компании.