Ѓубрето од Куманово, од синоќа се носи на скопската депонија „Дрисла“, откако жителите на Пчиња и Студена Бара не го прифатија предлогот на Кризниот штаб за отстранување на блокадата на депонијата „Краста“ Ѓубрето од Куманово, од синоќа се носи на скопската депонија „Дрисла“, откако жителите на Пчиња и Студена Бара не го прифатија предлогот на Кризниот штаб за отстранување на блокадата на депонијата „Краста“. Градоначалникот Максим Димитриевски објави дека е најдено привремено решение со поддршка од неговите колеги Ѓорѓиевски и Јанчев, како и од премиерот Христијан Мицкоски. „Благодарност за нивните заложби да помогнат во справувањето со проблемот со транспортот на сметот до оваа локација, како и на менаџерскиот тим на „Дрисла““, напиша Димитриевски.