Сакам уште еднаш да напоменам и тоа е многу важно, а тоа е дека станува збор за увезен проблем од кај нашиот северен сосед. Таму гледате што се случува, сега последна информација е дека и самите менувачници ја ограничиле количината која што може да се купува до 300-400 евра, значи неможе повеќе да се врши конверзија на тамошната валута динари во евра и тоа претставува сериозен индикатор на стабилноста на тамошниот банкарски систем, се надевам дека најцрното сценарио ќе биде избегнато, затоа што Србија е значаен трговски оартнер за Македонија, затоа што повеќе од милјарда и 200 илјади, милјарда и 300 илјади годишно имаме размена со нашиот сосед, изјави Мицкоски и продолжи: „Голем број наши компании соработуваат со српски компании. Многумина од тие компании, сопствениците ми се јавуваат ме прашуваат што понатаму, бидејќи нивните партнери од Србија имаат блокирани сметки и средства во Алта банка и дел од нив го затвориле својот бизнис, односно банкротирале, со што практично нашите компаниии имаат проблем.