Службите не можат да директно да иницираат протести, особено од оваа големина, мора да има некакво автентично незадоволство за да се појави нешто такво, коментира политичкиот аналитичар, Петар Арсовски, по вчерашното предупредување на премиерот за можни провокации, дејствување на разни служби и обиди Македонија да биде вовлечена во проблемите на соседните земји. Не очекува прелевање на ситуацијата од соседството и Европа иако смета дека и овде има причини поради кои се појавува незадоволството. „Структурните причини поради кои се појавува незадоволството, а тоа е дека помладите генерации не можат да го достигнат квалитетот на живот на постарите генерации ги има и во Македонија, но во моментот социјалната екстровертност, односно подготвеноста за протести е пониска отколку кај другите земји.