Спортски дух, позитивна енергија и заедништво, беа во фокусот на спортскиот настан… Спортски дух, позитивна енергија и заедништво, беа во фокусот на спортскиот настан „Kamenica Trails 2026“, кој ја промовираше Македонска Каменица и нејзините природни убавини како потенцијална дестинација за планинско трчање и активен туризам. Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова изрази задоволство од реализацијата на настанот, нагласувајќи дека ваквите спортски манифестации придонесуваат за промоција на општината, нејзините природни потенцијали и можностите за развој на спортот и туризмот. Таа посочи дека Општина Македонска Каменица, заедно со Рудник САСА, како официјални спонзори, ја поддржале реализацијата на трката.