Довербата што ја добив од вас, ја прифатив како голема одговорност и обврска, да работам посветено, чесно и во интерес на Општина Берово и сите нејзини граѓани. Денеска, после речиси една година, од стапувањето на функцијата градоначалник, пред Вас го презентираме сработеното, проектите што ги реализиравме, активностите што ги презедовме, средствата што ги вложивме и резултатите што ги постигнавме во повеќе области, од значење на секојдневниот живот, изјави Петар Ружински, градоначалник на Општина Берово во својот кочет за сработеното кој ви го пренесуваме во целост. „Ова не е само преглед на реализираните проекти.