Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на работниот состанок организиран во рамките на програмата Falcon, во соработка со глобалната компанија BAE Systems и со поддршка од Амбасадата на САД.
Со градењето на овој секторски центар и со поддршка од нашите стратешки партнери, обезбедуваме современа заштита од дигитални закани и гарантираме непречено функционирање на енергетскиот систем“, истакна министерката Божиновска.
„На состанокот уште еднаш беше потврдено Стратешкото партнерство и заедничките напори за зајакнување на критичната инфраструктура и енергетската безбедност на земјата, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
На состанокот беа презентирани резултатите од спроведената проценка и теренските анализи на ИТ-системите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
„Експертите од BAE Systems го оценија ИТ-тимот на Министерството како еден од најподготвените со кои досега соработувале, истакнувајќи ја неговата висока посветеност на сајбер-безбедноста и доследната примена на меѓународните стандарди.
Со воспоставувањето на овој центар, целта е институциите во енергетскиот сектор навреме да ги препознаваат сајбер-заканите и да реагираат координирано, со што ќе се зачува континуитетот на испораката на енергетски услуги за граѓаните и стопанството.
„„Заштитата на ИТ-инфраструктурата е клучна за нашата енергетска стабилност.