Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030, која Собранието ја донесе во септември, денеска беше официјално промовирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), кој ги претстави клучните чекори, мерки и цели за унапредување на безбедноста на сообраќајот и зачувување на човечките животи, главните приоритети и зацтаните цели што ги содржи документот. „Секој живот е важен“ е мото на Стратегијата чија цел е во наредните четири години, односно во 2030 година, да бидат за половина намалени бројките на сообраќајни несреќи и на жртви во однос на 2024, која за стратегијата се зема како референтна година со најголем број сообраќајни несреќи и жртви во измиантите пет години. Според анализата соджана во Стратегијата, тенденција на пораст имал бројот на сообраќајки од 2020 до 2024, кога годишниот просек бил околу 7900, со тоа што во 2020 година имало 7215, а во 2024 нивниот број се зголемил на 8457.