Сообраќајот на државните патишта денеска се одвива непречено, но по влажни коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Особено внимание е потребно на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.