„Во рамки на посетата на Германија, остварив работна средба со Хендрик Вуст, премиер на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Заедно со владиниот тим, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, разговаравме за досегашната успешна соработка, поддршката и можностите за нејзино понатамошно продлабочување, особено во делот на економијата и инвестициите. Германските компании како „Костал“, „Кромберг и Шуберт“, „ВИК“, „Гересхајмер“ и други реномирани инвеститори кои веќе успешно работат во Македонија се одличен пример за потенцијалот за привлекување нови инвестиции од Северна Рајна-Вестфалија.