Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Во таа насока, беше констатирано дека одливот на лекари, медицински персонал, инженери, истражувачи и ИТ-специјалисти, директно влијае врз квалитетот на јавните услуги, конкурентноста и иновативниот потенцијал на државите.
„Притоа, учесниците констатираа дека земјите од регионот треба посебно внимание да посветат на квалитетното образование и стручното оспособување, усогласувањето на образовните програми со потребите на пазарот на трудот, подобрувањето на условите за работа и платите, вложувањето во здравството, истражувањето и дигиталната трансформација, како и создавањето еднакви можности за професионален развој во сите региони, што е предуслов за задржување на човечкиот капитал и јакнење на потенцијалот на државите.